ВМРО-ДПМНЕ: Заев треба да одговори колку тој и неговата фамилија го зголемија своето богатство откако се на власт
Аболицираниот криминалец Зоран Заев е единствениот политичар во Европа кој што го има на камера како бара поткуп. Тоа не е европска вредност, а Македонија водена од криминалци не може да се надева на членство во ЕУ и НАТО, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Постои ли друг премиер во Европа кој е јавно фатен и снимен како бара поткуп од бизнисмени „по едно евро за брат му, а едно евро за Црквата“? Има ли друг случај во Европа што Влада носи одлука за доделување на земјиште на фирма која што е во целосна сопственост на вториот човек во владата? Шефот на мафијата, главата на криминалниот картел на власта Зоран Заев треба да одговори колку тој, Вице Заев, Трајче Заев и останатите го зголемија своето богатство откако се на власт? Моделот едно евро за Вицето, едно евро за црквата стана модус операнди на Илинденска бб. Најважно е богатењето на високи партиски и државни функционери на СДСМ на грбот на граѓаните. СДСМ ја третира буџетската сметка како лична партиска преку која ги исплаќа долговите кон партиските послушници со крвави тендери и криминални грантови, а притоа ги задолжува граѓаните за милионски суми, стои во ракцијата од ВМРО-ДПМНЕ и се додава:
„Граѓаните не им веруваат на лагите на СДСМ. Во јавноста не минуваат спиновите, по црниот петок се е јасно, маските се паднати. Јасно е дека Зоран Заев е спремен на се само за да ја зачува својата политичка кариера, спремен е на уцени, закани и мафијашки методи кои се главна одлика на владеењето на криминалниот картел на чело со Зоран Заев. Заев е спремен да ги распродаде државните и националните интереси поради остварување на своите лични и теснопартиските интереси. Граѓаните се свесни за сивилото кое надвисна над Македонија по доаѓањето на Зоран Заев на власт. Тие се свесни дека правната држава е укината, економијата пред колапс, а предизборните ветувања на СДСМ се шарени лаги. Токму поради тоа набрзо граѓаните ќе го испратат Зоран Заев во политичка пензија“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа