ВМРО-ДПМНЕ: Откако СДСМ дојде на власт Македонија тоне во сиромаштија

Сиромаштијата енормно се зголеми откако СДСМ дојде на власт, обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Моментално во земјава околу 460.000 граѓани живеат на работ на сиромаштија, а манипулантите од СДСМ продолжуваат со ветувања за мали деца.

Доколку СДСМ вистински се грижеше за граѓаните немаше да го укине и додатокот за трето дете, мега проект кој беше од голема помош за семејства кои сакаа да имаат повеќе деца.

Владата на Заев влезе во опасна авантура со тоа што сака да воведе систем на гарантиран минимален приход, нешто што не постои во Европа и ретко каде во Светот.

Според економските експерти за Република Македонија, изедначувањето на социјалната помош со минималната плата ќе има катастрофални последици затоа што ги обесхрабрува они кои што сакаат да работат и со тоа да стекнуваат работни навики, квалификации.

За жал и со новиот мегаломански буџет, сликата ќе остане иста. Ќе се ограбат граѓаните со зголемени давачки и казни, а криминогената власт најголемиот буџет во историјата на Македонија ќе го троши за сопствен луксуз и богатење.

Се ближи денот кога Заев и СДСМ ќе се соочат со граѓаните и ќе одговараат за ограбувањето на државата.“ - велат од ВМРО-ДПМНЕ во писмено соопштение.

 

 

 

20.11.2018 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега