Цел живот го подготвувате погрешно: Подварокот на старински начин има една „финта“
За подварок од кисела зелка потребно ви е?
главица кисела зелка
1 главица лук
150 милилитри маст
сланина, суво месо, мисиркино (може и кременадли, пилешко)
мелен бибер
ловоров лист
Исечете ја зелката на ситни парчиња (малку покрупни отколку за салата), измијте ги и исцедете.
Загрејте ја маста, па на неа издинстајте го ситно исецканиот лук и сланината. На ова додадете добро измиено свежо месо и се заедно крчкајте 10 минути. Потоа додадете ја и зелката и се заедно пржете уште 15 минути.
Издинстната смеса зачинете ја со бибер по вкус и ловоров лист, а потоа ставете во глинена тава (или огноотпорна ако немате глинена). Парчињата сланина забијте ги во зелката, налејте малку вода и запечете во рерна на 200 степени Целзиусови. Печете додека зелката не омекне (околу 1 ипол час до 2). Поенатата е да се прави на вистинска маст.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа