Стаменковска до СДСМ: Многу ми е жал што партиска насока ви е забрането да реплицирате и дискутирате
Многу ми е жал, што овие денови на колегите од СДСМ по партиска насока им е забрането или строго ограничено правото да реплицираат и да дискутираат, посочи Невенка Стаменковска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција, при заседавање на седница.
Стаменковска појасни дека се губи суштината на дебатата на која ја заговарате и на која не повикувате цело време. Колеги од СДСМ, ако не е вистина она што го говорев вчера и завчера во однос на првите два амандмани кои што ги дискутиравме наместо да се пријавите сите и срамно да се откажете во однос на дебатата подобро ќе беше да имаше некој од вас да има доблест и да стане и да дискутира. Но и она што денеска не се јавувате за реплики само ми го потврдува истото.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа