Битолскиот градски пазар ќе добие нов лик
Градскиот пазар во Битола ќе добие нов и модерен изглед.
Градоначалникот на Битола Владимир Талески и директорот на ЈП „Пазари“-Битола Благој Дивитаров денеска се постави камен-темелник го одбележаа почетокот на темелната реконструкција на централниот градски пазар.
Според Талески со темелната реконструкција на пазарот се овозможуваат подобри услови за работа на ЈП „Пазари“ и современ пазарен простор за продавачите и купувачите.
- Станува збор за поставување на целосно нова инфраструктура, кровна конструкција и нови тезги. Работите од оваа фаза на темелната реконструкција на градскиот пазар ќе завршат до крајот на оваа година. Вредноста на оваа инвестиција е околу 13 милиони денари, а општина Битола ќе вложи 9 милиони денари. За кусо време граѓаните ќе имаат современ пазар, кој како капитална инвестиција е еден од нашите приоритети, посочи Талески.
Реконструкција на централниот градски пазар во Битола се изведува на површина од 1.000 метри квадратни на која ќе бидат поставени тезги.