ДОМ: Владата во која седиме не прави ништо против загадувањето
Партијата ДОМ дел од владејачката коалиција констатира дека Владата во која седат и нивните претставници не направила ништо во борбата со загадувањето.
„ДОМ ги прашува надлежните институции на државно и локално ниво, кои наместо прогласување аларм за повеќенеделното аерозагадување, чекаат ветре да го расчисти небото: колку Лондонски смогови голтнавме зимово и уште колку ќе голтаме? Зарем е малку да има со недели ПМ10 од 100 до 400 микрограми на метар кубен во десетина македонски градови? Зарем е битно дали има прекини од 2-3 дена помеѓу екстремите? Ова е вонредна состојба со аерозагадувањето и тоа треба да се каже и да се преземат конкретни мерки за негово намалување!“ - велат од ДОМ
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа