Мисајловски: Дефинитивно ВМРО-ДПМНЕ е најголемата сила во Македонија и граѓаните ќе го познаат тоа
Мора да признаеме дека е најтешкото време во Република Македонија, со големи национални предавства, со големи тензии, со еден класичен политички прогон кој е постојано врз нас и тоа постојано ВМРО-ДПМНЕ на свој грб го носи. ВМРО-ДПМНЕ постојано се бори. ВМРО-ДПМНЕ е против Преспанскиот договор. ВМРО-ДПМНЕ е против сите штетни политики што се случуваат во Република Македонија и на ова раководство му требаше да земе нова енергија, нов бран и целосно да се реконструира да се оформи и да види што погрешило во минатото, со кои концепти да одиме напред, но и се она што е добро да го задриме од претходно.
Ова го изјави Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за емисија Отворено на ТВ Алфа.
Мисајлоски се надева дека во наредниот период ВМРО-ДПМНЕ ќе има подобри моменти, како што рече тој следуваат претседателски избори, додавајќи дека се надева на поддршка од страна на граѓаните и победа.
-Дефинитивно ВМРО-ДПМНЕ е најголемата сила во Република Македонија и граѓаните ќе го познаат тоа, наспроти она црнило кое се случува. ВМРО-ДПМНЕ ќе има нови политики, ќе имаме нова програма, ќе понудиме концепт и се разбира ќе биде целосно проевроспко и прозападно и ќе биде еден убав симбол и еден сигнал за новата зора што ќе дојде во Република Македонија, потенцираше тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа