Иванов: Здравството тоне, образованието не мрднато од мртва точка, земјоделците разочарани повеќе од било кога
Очекувавме кога веќе има разрешување да има и некој министер со ресор затоа што економијата е во слободен пад, здравството тоне, образованието не мрднато од мртва точка, земјоделците разочарани повеќе од било кога, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Иван Иванов, на вчерашната собраниска седница.
– Денеска расправаме за разрешување на министерот без ресор, одговорен за ромски прашања, Аксел Ахмедовски, но ние уште при изборот на Владата предупредивме дека Владата нема капацитет за да се решат проблемите кои што ги мачат Ромите и ова што сега се работи е одвлекување на вниманието од вистинските проблеми со кои се среќаваат и државата и Ромите.
Тој потенцираше дека ова е задоволување на коалиционите барања, а Ромите се уште очекуваа исполнување на барем едно предизборно ветување затоа што им беше ветувано се и сешто, а после две години ништо не е исполнети и проблемите кои што ги мачеа Ромите се уште постојат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа