ВМРО- ДПМНЕ: Граѓаните ќе ги поразат црнилата, ќе го поразат Заев и ќе го испратат во политичката историја

 

„Зоран Заев им наметна нови давачки кои дополнително ќе влијаат на нискиот стандард. Годинава ќе плаќаат повисоки даноци земјоделците, договорците, вработените во ИТ индустријата. СДСМ спротивно на укажувањата на експертската јавност, бизнис секторот, стопанските комори, продолжи со имплементирање на погубните политики за прогресивен данок, на штета на граѓаните со цел остварување на своите лични интереси„ пшува ВМРО- ДПМНЕ во своето соопштение утринава.

Оттаму велат дека СДСМ удира и по најсиромашните кои среќата си ја бараат во обложувалниците или игрите на среќа. СДСМ сака да одземе дек и од малите довивки кои овие луѓе ги прават среќни.

ВМРО- ДПМНЕ вели дека, Заев ја третира буџетската сметка како своја лична  банкарска сметка која ја користи за спроведување на свои лични хирови и исплата на партиските потрчковци. Парите од зголемените даноци, парите на граѓаните ќе завршат во џебовите на новите заменици директори во јавните прептријатија назначени по партиски клуч кои ќе ја чинат државата неверојатни 2 милиони евра. Парите од зголемените даноци ќе одат за поголемите плати на вицепремиерите, повисоки за 8 илјади денари, пари со кои голем дел од македонските граѓаните преживуваат во текот на еден месец.

„Помина уште една година, завиена во црнила. Година во која криминалната и одродена власт предводена од аболицираниот Заев на граѓаните им донесе неуспеси и порази на секое поле. Граѓаните се осиромашени и понижени, животот дојде единствено за државните и партиските фунцкионери на СДСМ кој се богатат на грбот на граѓаните. Партиските потрчковци ги полнат своите џебови благодарение на црните и кримални, тендери и грантови.Наместо живот, власта донесе црнила. Наместо проспиретет, уназадување и неработење. После две години власта нема решение за најгорливиот проблем на граѓаните, аерозагадувањето, проблем кој одзема илјадници животи годишно„велат од партијата.

 

Во своето соопштение велат дека зората е пред нас, а таа ќе ги истера црните облаци кои надвиснаа над Македонија, дента кога Заев седна во премиерската фотелја.

„Зоратае олицетворена во духот на народот, граѓаните кои се спремен да се спротивстават на неправдите кои ги донесе СДСМ. Граѓаните ќе ги поразат црнилата, ќе го поразат Заев на следните избори и ќе го испратат политичката историја„ стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.01.2019 - 08:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега