Хрватски разузнавачи го оштетиле буџетот за 5,4 милиони куни
Хрватското обвинителство покрена обвинение против петмина службеници на хрватската Воена безбедносно-разузнавачка агенција (ВСОА), кои се под сомнение дека ја злоупотребиле службената положба и овластувања.
Петмината обвинети обвинителството ги товари за дело кое го извршиле во периодот од 2009 до јули 2012 година. Тие намерно го оштетиле буџетот на Агенцијата за 5,3 милиони куни, пари кои биле наменети за доушници.
Двајца од обвинетите се под сомнение дека сакајќи да го прикријат стореното кривично дело наложиле уништување службена документација.
Од Советот за национална безбедност утврдиле дека повеќемилионскиот износ е систематски извлечен и дека не станува збор за нерационално трошење пари.
26.09.2013 - 16:28