Груевски вечерва ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН во Њујорк

 

Доцна вечер по македонско време, претседателот на Владата на Македонија, Никола Груевски, кој заедно со владина делегација е во неколкудневна посета на САД, ќе се обрати пред 68. Генерално собрание на ОН во Њујорк.

Во текот на утрешниот ден предвидено е македонскиот премиер даоствари средба и со генералниот секретар на Светската организација Бан Ки-мун.

Инаку, Груевски во САД заедно со владина делегација одржа повеќе бизнис форуми и ги претстави можностите за инвестирање во Македонија. Тој ја посети и корпорацијата Форбс каде што со потпретседателот на корпорацијата, Кристофер Форбс беше потпишан Договор за соработка на полето на привлекувањето на странските инвестиција. Исто така и министерот за здравство, Никола Тодоров, потпиша договор за размена на искуства меѓу македонски и американски лекари.

 

27.09.2013 - 10:11

најчитано сега