Доаѓа период на вируси - пијте го овој напиток и зајакнете го имунитетот
Одморите се завршени, а обврските започнуваат. Затоа, искористете го овој рецепт за да зајакнете навреме и да ја намалите можноста да добиете вирус или настинка.
Состојки:
2 портокали
1 грејпфрут
1/4 лимон со кора
рака гоџи бобинки
малку рендан ѓумбир
1/2 чаша вода
Подготовка:
Сите намирници изблендирајте ги, минута до две. Смутито пијте го наутро и навечер, барем десет дена. Сигурно ќе почувствувате дополнителна сила и енергија да го дочекате почетокот на есента здрави и енергични.
23.01.2019 - 11:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа