Меморандум за соработка меѓу Македонско-бугарската стопанска комора и Источнопланскиот регион
Денеска претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора, Зоре Темелковски, ќе потпише Меморандум за соработка со Советот на Координативното тело на Источниот плански регион.
Според Темелковски функционирањето на планските региони во Македонија е одличен пример за примена на модерните европски бизнис и политички трендови.
- Тоа е модел на Европската унија за ефикасна децентрализација и локална интегрираност. Поврзаноста на општините не прави поотворени во користењето на флексибилна работна сила, помоќни за заеднички инфраструктурни, за енергетски, аграрни и еколошоки проекти,изјави Темелковски.
Темелковски додава и дека општините од овој плански регион се европската порта на Македонија кон Грција и посебно кон пријателска Бугарија, без предрасуди и стереотипи.
-Овој простор од Западна Бугарија и Источна Македонија можеме да го проектираме како Бизнис- без граници. Тоа е основен мотив и лого на нашата заедничката стопанска комора, истакнува претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора.
Порача дека од овој мал европски регион може и мора да се продуцира и еден препознатлив, заеднички балкански бренд за европските пазари. - Заедно, вели, имаме повеќе шанси да не остенеме балканска калдрма“.