Статистика: Просечната нето плата во јули 21.013 денари
Според податоците кои ги објави денеска Државниот завод за статистика, просечната нето плата во јули годинава изнесувала 21.013 денари, додека бруто платата изнесувала 30.851 денари.
Нето платата е зголемена за 1,1 отсто, а бруто платата за 1,3 проценти. Зголемувањето се должи на порастот на платите во секторите Рударство и вадење камен за 8,5 отсто, Градежништво за 7,6 и Транспорт и складирање за 6,1, пренесе ДЗС.
Намалување на просечната месечна нето плата во однос на претходниот месец е забележано во секторите Административни и помошни услужни дејности за 3 отсто, Снабдување со вода, отстранување отпадни води, управување со отпадни дејности за санација на околината за 2,2 и Информации и комуникации за 1,9 проценти.
Во текот на месец јули 1,5 отсто од вработените во Македонија не примиле плата.