Намалено индустриското производство во август

 

Во август годинава индустриското производство бележи пад од 1,2 проценти во однос на август минатата година. Од почетокот на годинава заклучно со август во однос на овој период лани индустриското производство бележи пораст од 1,7 проценти, стои во соопштението од Државниот завод за статистика.

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во август 2013 година, во однос на истиот месец минатата година бележи пораст од 4,8 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 2,9 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи пораст од 4 проценти.

Од друга страна, производството во август 2013 година, во однос на август 2012 година, бележи пораст кај Енергијата за 2,6 отсто и Капиталните производи за 5,8 отсто. Опаѓање бележи кај Интермедијарните производи, освен енергијата за 3,1 отсто, Трајните производи за широка потрошувачка за 15 отсто и Нетрајните производи за широка потрошувачка за 1,4 отсто.

27.09.2013 - 14:50

најчитано сега