За „Парадата на гордоста“ потрошени два милиони евра

 

Српското Министерство за внатрешни работи потроши два милиони евра за обезбедување на овогодинешната Парада на гордоста, објави денеска белградскиот дневен весник „Блиц“.

Најголемиот дел од парите полицијата ги потрошила за набавка на нова опрема,.

- Невозможно е да е дознае за каква опрема станува збор и зошто е нарачана кога се знаеше дека нема да стигне на време, пишува „Блиц“.

Според весникот прилично многу пари се потрошени на формирање на нов команден центар од каде требаше да биде раководена организацијата за обезебдување на „Парадата на гордоста“.

- На полициските дневници ќе бидат потрошени околу 400.000 евра, со кои ќе бидат исплатени 6.500 полицајци кои вондредно беа ангажирани да ја обезбедуваат „Парадата на гордоста“, иако истата беше откажана, истакнува неименуван полициски извор за „Блиц“. 

30.09.2013 - 08:57
Фото: 
Пулс24

најчитано сега