Пратениците со полни раце работа - продолжува 72. седница

 

Денеска во Собранието на Република Македонија пратениците ќе ја продолжат 72. седница.

На дневен ред денеска е првото читање од предлог-законот за претворање на побарувањето на Република Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во друштвото Тутунски Комбинат АД Прилеп, како и предлог-законите за изменување и дополнување на законите за јавни набавки, за авторското право и сродните права, за инспекциски надзор, сите во прво читање.

На дневен ред се и првите читања од предлог-законите за основање Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, за изменување и дополнување на Законот за управување со отпадот, за изменување и дополнување на Законот за научно - истражувачката дејност, предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за странците.

Предвидено е и разгледување на неколку предлог закони по скратена постапка и тоа дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа, предлог на закон за правосудниот испит, измените и дополнувањата на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост.

Ќе се разгледуваат и дополнетите предлози на закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на законот за медиуми.

30.09.2013 - 11:30

најчитано сега