Милошоски: Дали и колку се безбедни претседателските кандидати на Република Македонија

 

Антонијо Милошоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, на денешната седница за интерпелација на Оливер Спасовски го запраша дали и колку се безбедни претседателските кандидати на Република Македонија.

Ние овде можеме да говориме затоа што се случувало пред три години, пред 4 , пред 8 години но многу е важно што се случува денес и дали господинот Пендаровски во својата пријава до МВР пријавува тајна служба како служба која го следи или пријавува лица од твитер кои што го следат, посочи Милошоски.

Милошоски образложи дека граѓаните видоа дека само во рок од 4,5 дена имаме различни 4,5 изјави. Првата изјава на г. Пендаровски е дека ме следи тајна служба 24 часа дневно. Потоа следува негово пријавување и тврди дека таа тајна служба е поврзана со опозициона партија, потоа дава изјава дека споменал служби но никогаш не го користел терминот тајна служба. Потоа имаме изјава од премиерот дека се работи интерес на граѓаните какво возило вози г. Пендаровски, за да на крајот да имаме изјава од министерот од внатрешни работи дека се работи за твитер служба.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.03.2019 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега