Продолжува судскиот процес за скопската фризерка која лажно продаваше социјални станови
Денеска во Основниот суд Скопје 1 ќе продолжи судскиот процес против скопската фризерка Благица Дончевска и нејзиниот татко кој е обвинет за помагање, јави Плусинфо.
Скопската фризерка се товари дека на 42 граѓани им ветила дека ќе им продаде станови, но лицата останале и без пари и без стан. Таа се преставувала како претставник на владин проект за станови наменети за лица со посебни потреби, за млади брачни двојки, за социјални случаи, и на граѓаните им ветувала станови по примамливи цени. Сепак, Дончовска ветеното не го исполнила, а со парите кои ги земала за становите живеела луксузен живот.
Имотот на скопската фризерка е запленет, а таа од месец март се наоѓа во притвор.
30.09.2013 - 11:41
Фото:
Денешен