Крадците не мируваат - скопјанец остана без 330.000 денари

 

Пред три дена на улицата „Аугуст Цесарец“ во Скопје била извршена тешка кражба во стан на скопјанец.

Непознат сторител со употреба на погоден предмет извршил тешка кражба во станот на 47-годишниот Х.М. од каде одзел техничка стока, накит и мобилни телефони.

Со тоа, крадецот се стекнал со 330.000 денари.

Се преземаат мерки за откривање на сторителот и расчистување на случајот.

30.09.2013 - 11:59
Фото: 
Евести

најчитано сега