Статистика: Расте бројот на работници во индустријата

 

Според податоците кои ги објави Државниот завод за статистика, бројот на работниците во индустријата минатиот месец е зголемен за 1,6 отсто во однос на истиот месец минатата година.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен бележи пораст од 8,2 отсто, во секторот Преработувачка индустрија 1 процент, додека во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1,9 проценти. Бројот на работниците е зголемен кај Енергија за 7,5 отсто, Капитални производи за 0,3, Трајни производи за широка потрошувачка за 2,8 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,4 проценти, додека намалување се забележува кај  Интермедијарни производи, освен енергија за 2,2 отсто.

Во периодот јануари-август 2013 година во однос на истиот период лани бројот на работниците во индустријата е зголемен за 0,7 проценти.

30.09.2013 - 14:44
Фото: 
А1.он

најчитано сега