Ставревски: Се очекуваат повеќе вработувања и инвестиции во ТИРЗ
Денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, истакна дека во технолошко-индустриските развојни зони се очекуваат зголемен број вработувања, нови инвестиции и поголем извоз.
- Концептот на Владата за привлекување странски инвестиции дава се повеќе резултати. Само во зоните Скопје 1 и Скопје 2 имаме 1.350 вработени, а во зоната во Штип 750 вработувања. Дополнително очекуваме да има нови вработувања и да се зголемува извозот иако и сегашните 700 милиони евра извоз на компаниите кои работат во ТИРЗ е огромна бројка и веќе претставува над 20 проценти од вкупниот извоз на Република Македонија, потенцираше Ставрески денеска на фицијалното отворање на експозитурата на Охридска банка во технолошко-индустриската развојна зона Бунарџик.
Со отворањето на експозитурата на Охридска банка ќе им станат подостапни банкарските услуги на компаниите од Бунарџик, смета Ставревски.
- Бунарџик претставува модерно опремена зона која им ги нуди сите потребни услуги на инвеститорите. Не сакам да посетувам на лицемерните споредби и злонамерните коментари за тоа дека Бунарџик ќе претставува една зелена ливада. Би било добро тие денеска да се тука и да ги видат глобалните големи фирми како Џонсон контролс, Џонсон Мети, Кемет електроникс, Технокозе и да го видат целокупниот резултат на напорите на Владата и нашата посветеност да се привлечат странски инвестиции и да се создадат услови за нивно работење во зоната, рече Ставрески.
Според Виктор Мизо, директорот на Дирекцијата на технолошко-индустриските развојни зони, со отварањето на оваа експозитура е приближување на банкарските услуги до компаниите.
- Во администативната зграда е обезбеден простор од 51 квадратен метар за сместување на експозитурата со што на корисниците ќе им се овозможи побрз пристап до потребните банкарски услуги, посочи МИзо, додавајќи дека ќе продолжат да работат на изградбата и развојот на зоните и унапредувањето на услугите што се нудат во овие зони.