МЗШВ: СДСМ производната земјоделска година ја сведува со “периодот за подготвување на зимница“

 

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги отфрли обвинувањата на СДСМ за лоша политика во земјоделието. 

- Партијата која производната земјоделска година ја сведува со “периодот за подготвување на зимница“ денес излезе со отварање на сериозна тема за која, благо речено е неупатена, а уште повеќе искрена. Ниту пак наведените проценти се точни, уште помалку начинот на откуп и вкупно откупените количини пченица оваа година, до сега. Уште помалку податоците за откупената количина во изминатите години. Тие воопшто ги немаат земено во предвид. А ниту им се познати, се вели во писмената реакција од МЗШВ на прес-конференцијата на СДСМ.

Навистина е жално, се додава во неа, што и овој пат се потврдува дека „загрижените и стручни“ во СДСМ не соработуваат со производителите на пченица и овластените, односно регистрирани откупувачи на пченица за да ги добијат изворните информации за количината пченица од овогодишната реколта и вкупно откупената количина до сега.

- Колку е политиката на Владата е погрешна, уште помалку популистичка, ниту  превземените мерки се кампањски и без резултат можат да дадат одговор самите земјоделци. Укинувањето на мерката за условен увоз на пченица е донесено по барање токму на мелничарскиот сектор, а причината е во послабиот квалитет на домашната пченица и нејзино подобрување со увозна поквалитетна пченица. Целта е, секако тоа треба да им е познато на „добро упатените, загрижени и стручни“ во СДСМ подобрување на брашното како краен производ кој се пласира на домашниот пазар. Во овој случај не станува збор за никакво изигрување на мелничарскиот сектор, напротив, се посочува во реакцијата.

- Кој кого во овој случај доведува во забуна и кој ги манипулира земјоделските производители и мелничари? Министерсвото за земјоделство и Владата или СДСМ? Со оваа системска мерка директно се штити домашниот мелнички сектор и земјоделските производители на пченица, за што истите се запознати и непосредни учесници во нивното изготвување, се додава во реакцијата.

Од Министерството потсетуваат дека Владата ветила и вовела мерки за условен увоз, но не и забрана на пченица и брашно, меѓутоа, како што се вели во реакцијата, токму хорското лицитирање за укинување од страна на „добро упатените, загрижени и стручни“ во СДСМ создаде продолжување на откупот на домашната пченица и сето на штета на индивидуалните земјоделски производители.

- Единствениот предлог од СДСМ е откуп на домашна пченица за стоковните резерви. И ништо повеќе од тоа! Конечно, СДСМ пред извесно време директно се изјасни дека е потребно ревидирање на политиката на директна финансиска поддршка и укинување на субвенциите, посочуваат од МЗШВ во реакцијата и ги прашуваат од СДСМ да се изјаснат дали ги штитат интересите на земјоделците или веројатно бизнис интересите на нивни видни членови.

30.09.2013 - 16:11

најчитано сега