Од денеска брашното кое се става во промет мора да има контролна маркичка
Денеска од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информираа дека компаниите имаат обврска брашното кое го ставаат во продажба да го означат со контролна маркичка.
- Согласно Законот за квалитетот на земјоделските производи, брашното може да се стави во промет означено со контролна марка и да ги исполнува условите за промет и квалитет утврдени со овој закон. Исто така операторот со брашно е должен пред ставање во промет на брашното на пазар, секое пакување да го означи со контролна марка на видливо место. Контролните марки треба да се јасно видливи, читливи, неизбришливи и прицврстени или трајно втиснати на пакувањето на начин што при отварањето на пакувањето, ознаките видливо и трајно се оштетуваат, наведуваат од Министерството.
Контролна маркичка мора да биде поставена на видно место, да биде читлива и прицврстена или трајно втисната на пакувањето.