Израелскиот амбасадор Амрани го посети градот на конзулите

 

Израелскиот амбасадор Јоси Амрани денеска е во работната посета на Битола. За време на својата посета, амбасадорот се сретна со градоначалникот Владимир Талески, ја разгледа индустриската зона „Жабени“ и директно разговараше со членовите на Регионалната стопанска комора. 

- Големо е задоволството да се реализира посета на град со вековна историја. Градоначалникот Талески ме информираше за неговите планови со индустриската зона и проектот „Филмски град“ и тоа е добро поле за зајакнување на односите меѓу нашите две држави. Битола е важен центар од животот на Евреите на крајот од минатиот век бидејќи тука живееле околу 10 насто Евреи и затоа е важно да се знае за минатото на градот и особено за неговата иднина, истакна израелскиот амбасадор Амрани.

Според градоначалникот Талески посетата на израелскиот амбасадор Амрани ќе овозможи подобра информираност и промоција на инвестицискиот потенцијал на општина Битола.

- Посетата на индустриската зона „Жабени“ и средбата со стопанствениците ја потврдува мотивираноста на амбасадорот и интересот за потенцијалите и капацитетите во сферата на економијата, земјоделството, но и образованието и културата. Верувам дека направената анализа ќе ни овозможи да обезбедиме нови инвеститори, но и директни контакти со потенцијалните инвеститори во Битола. Ние како општина продолжуваме директно да решаваме еден од најгорливите проблеми предизвикан од долготрајната транзиција, а тоа е невработеноста, истакна Талески.

 

01.10.2013 - 13:24
Фото: 
википедија.мк

најчитано сега