Статистика: Трошоците за живот поголеми за 0,2 отсто
Според податоците кои ги објави Државниот завод за статистика, трошоците на живот минатиот месец биле поголеми за 0,2 отсто во однос на август 2013.
Порастот е резултат на повисоките индекси на алкохолните пијалоци за 1,2 отсто, рибата за 0,8 проценти, преработките од млеко за 0,7 отсто, преработките од овошје за 0,3, сушеното овошје и свежото месо за 0,2 отсто.
Според ДЗС, пораст на трошоците е забележан и кај лековите и помагалата за 6,4 проценти, авионскиот превоз на патници за 5,2, средствата за образование за 3,3, течните горива и гасот за домаќинствата за 3,1, цврстите горива за 2,7, нафтените деривати за 1,6, облеката, обувките и електричните апарати за домаќинстата за 0,4 и пијалоците во рестораните и хотелите за 0,3 отсто.
Намалување на трошоците на животот е евидентирано кај овошјето за 3,1 отсто, производите од жито за 1,2, зеленчукот за 0,7, преработките од зеленчук за 0,3, преработките од месо, преработките од риба, јајцата и другите прехранбени производи за 0,2 процента, кај туристичките аранжмани за 12,3 отсто, средствата за хигиена за 0,6, услугите за сместување за 0,3, мебелот и садовите и приборот за домаќинствата за 0,2 отсто.