Запленети 154 килограми марихуана кај Саранда

 

На албанско-грчката граница, албанската полиција синоќа запленила 154 килограми марихуана.

Според весникот „Шекули“, таа била откриена во возило на грчки државјанин. Дрогата била пакувана во 137 пакетчиња и од селото Чифлик кај Саранда, до границата со Грција, била носена на раце, по што била натоварена во возилото на 22-годишен Грк од Мегара.

Иако тој успеал да побегне од местото на настанот, а полицијата презема засилени активости за асење на грчкиот државјанин и неговите соработници Албанци.

 И пред две дена албанската полиција во близина на Корча запленила 200 килограми марихуана, која била наменета за грчкиот нарко пазар. Во последната недела албанската и грчката полиција имаат запленето над 1200 килограми марихуана, главно произведена во селото Лазарат.

02.10.2013 - 09:44

најчитано сега