Пендаровски: Тргнаа работите

 

Стево Пендаровски, заедничкиот кандидат за претседател, на средба со жителите на Вевчани   повика на масовна излезност на престојните претседателки избори.

Гласот за број 3 и концептот за напредок кој го предводам  е глас за сугурна иднината на младите, за економските перспективи, подобрување на стандардот, повеќе пари и нови работни места, рече Пендаровски.

„Тргнаа работите. Добивме покана за НАТО и ако продолжиме  со реформскиот процес ќе добиеме датум за почеток на преговори во јуни. За две години постигнат е  голем успех бидејќи има политичари водат сметка за народот. Затоа е важно напредокот да продолжи“, додаде Пендаровски.

Слоганот на неговата кампања е  Заедно Напред, овие два збора, рече Пендаровски,  значат живот и напредок во демократски и европски дом.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.04.2019 - 19:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега