ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски изгуби затоа што е ист како Зоран Заев
Гордана Силјановска Давкова победи во 47 општини во Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е победник на овие избори, поразена е коалицијата на власт предводена од СДСМ и ДУИ, во која има над триесетина партии, ова преку соопштение до јавноста денеска го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Граѓаните им кажаа не на криминалот, корупцијата и непотизмот. Граѓаните гласаа за право и правдина. Пендаровски изгуби затоа што е ист како Зоран Заев. Пендаровски не нуди ништо ново за државата, напротив нуди стагнација. Граѓаните на овие избори покажаа дека не се плашат на заканите и притисоците од власта. Граѓаните покажаа храброст и желба за подобра иднина. Со Пендаровски Македонија само ќе тоне, исто како што тоне во изминативе две години. Ги повикуваме граѓаните во вториот круг да му го зададат финалниот удар на СДСМ и да излезат со голема поддршка за Силјановска. Победа на Силјановска значи почеток на крајот СДСМ. За право и правдина, за подобра иднина, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа