Најавени три телевизиски дуели Пендаровски-Сиљановска
Официјално се најавени три телевизиски дуели меѓу кандидатите за претседатели на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски.
Утре ќе се соочат на телевизија Телма.
Во четврток, телевизиски дуел ќе се одржи на МРТ со почеток од 20:15 часот.
Канал 5 соопштува дека ќе биде домаќин и на ТВ дуелот на кандидатите за претседател што влегоа во вториот круг, во емисијата „Само вистина“ на 2 мај, четврток, со почеток во 18:45.
23.04.2019 - 18:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа