Економист: Вучиќ ќе стане премиер на Србија
Првиот потпретседaтел на српската Влада Александар Вучиќ следната година ќе ја консолидира својата позиција и по веројатните предвремени избори, ќе го преземе водењето на Владата, објави Економист.
– Неговата цел да се дојде до резултати во европските интеграции и борбата против корупцијата, импонира кај гласачите кои се навикнати на политичари кои даваат ветувања, но не ги исполнуваат, се вели во текстот со наслов Александар Вучиќ: Човек на задача.
Инаку, според весникот последните две анкети 66 отсто испитаници го сакаат него за премиер.
– Под претпоставка дека Владата ќе отвори преговори со ЕУ во јануари, Вучиќ веројатно ќе бара предвремени избори во првата половина од 2014 година врз основа на кои ќе ја формализира својата позиција на најмоќен политичар во државата, оценува лондонски Економист.