Силјаносвска: Токму студентите се моја гордост и надеж дека младите се иднината на Македонија

 

Денеска во посета на Граѓанскиот штаб беа студентите на кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова.

          Сиљановска Давкова оствари кратка средба со нив од кои што доби поддршка за победа во вториот круг на претседателските избори на 5 мај, а и подарија и портрет кои самите тие го изработиле.

          Сиљановска Давкова истакна дека токму студентите се нејзина гордост и надеж како и дека младите се иднината на Македонија, а таа како професорка и идна претседателка ќе се потруди тие својата иднина да ја градат токму во својата земја, бидејќи како што рече таа е секогаш на страната на младите.

          Студентите се мојата гордост и надеж. Денес од моите студенти Роми добив портрет кои тие го изработиле. Им благодарам од срце. Младите се иднината на Македонија, а јас секогаш сум била на нивна страна. Ги повикувам да застанат на моја страна,на страната за право и правда во Македонија, вели Сиљановска Давкова.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.04.2019 - 16:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега