Независните пратеници на ВМРО: Преспанскиот Договор е прифатен како реалност од Силјановска
Се огласија од Независната Пратеничка Група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија.
- Независната пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ ја поздравува поддршката на Жозеф Дол кон кандидатката за претседател на ВМРО ДПМНЕ. ЕНП беше силен поддржувач на преспанскиот договор и со ова се покажува дека истиот е прифатен како реалност од Силјановска Давкова и ВМРО ДПМНЕ. Фактот дека поддршката на Жозеф Дол значи дека Гордана ги прифаќа предностите на договорот од Преспа, е позитивна промена, велат од таму.
Им посакуваме успех на кандидатите Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова и се надеваме дека ќе имаме мирен и успешен изборен ден. Тоа е многу важен аспект за понатамошните евроатлантски интеграции, завршуваат во соопштението од Независната Пратеничка група.
02.05.2019 - 12:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа