Падна снег и во Србија
Снег падна и во Србија. Како што пренесуваат српските медиуми, снежна покривка го покри Копаоник, а снег паднал и на Стара планина и Бабин заб.
Во текот на вчерашниот ден на Копаоник била измерена температура од минус еден степен, а дувал и силен ветер со брзина од шест метри во секунда.
- „Не паметам дека некогаш волку рано паднал снег. Минатата година цел октомври имавме температури околу 20 степени, а годинава веќе на 2 го имавме првиот снег. Крововите и тревата се побелени , на асфалтот нема поголеми задржувања, изјавил за српските медиуми вработен во хотелот Елекетростопанство Србија на Бабин заб.
Инаку, оваа зима се најавува дека ќе биде многу студена зима.
03.10.2013 - 11:57