Помала излезност на албанското население на гласање во вториот круг

 

Излезноста на избирачите во средините каде што доминира албанското население во неделата на вториот круг од претседателските избори е забележително слаба, покажуваат податоците од Државната изборна комисија.

Според податоците објавени на интерактивната веб страница на ДИК, по обработените над 99 отсто од избирачките материјали вкупниот одѕив на гласачите во земјата изнесува 20,52 отсто. Податоците, исто така, покажуваат дека во поголемите градски средини каде што доминира македонскиот дел од електоратот излезноста е нешто поголема или идентична со првиот изборен круг пред две седмици.

Меѓутоа, во средините каде што во мнозинство се гласачите на албанските партии, забележлив е послаб одѕив на избирачите.

Така, по првиот пресек за излезноста во Гостиварскиот регион на гласање излегле 10,92 отсто од запишаните избирачи, а сега излезноста е 8,18 отсто. Во Врапчиште одѕивот беше 7,50 отсто, а сега е 6,12. Во Маврово Ростуше на гласање на 21 април до 13 часот излегле 10,49 проценти, а сега до 13 часот 9,15 отсто.

Во Тетово, пак, излегле 13,13 во првиот круг отсто од гласачите, додека сега 10,42 отсто. Во соседните општини Желино излезени беа 6,62 проценти, а сега само 4,22 отсто, во Боговиње до 13 часот во првиот круг гласаа 8,11 отсто, а сега 6,21 отсто. Во Дебар, каде што во првиот круг беше избран и новиот градоначалник, излегоа 17,57 проценти од избирачите, а сега само 8,59 отсто. Слаб е одѕивот и во Струга, каде се регистрирани 10,15 проценти излезени гласачи. Во мешаната општина Кичево, пак, правото на глас го искористиле само 11,25 отсто од запишаните гласачи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.05.2019 - 15:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега