Сарачини ги објасни Brownfield инвестициите - еве што им нуди Владата на бизнисмените

 

Министерот за економија Ваљон Сараќини денеска ја посети општина Гостивар и оствари работна средба со градоначалникот Невзат Бејта.

На средбата се зборувало за искористување на можностите што ги нуди општината за забрзан економски развој, преку влез на нови инвестиции, вклучувајќи ги и домашните, а со самото тоа и отварање на нови работни места и подобрување на животниот стандард на граѓаните. Меѓу другото, за време на оваа посета, министерот Сараќини и градоначалникот Бејта го посетиле АДГ Маврово во стечај, како една четирите локациите во општината, наменети токму за привлекување на т.н. brownfield инвестиции, односно инвестиции кои што се реализираат во веќе постоечки, но неискоритени капацитети, кои се во сопственост на разни субјекти од државата.

-Brownfield инвестициите се нов модалитет кон кој Владата работи за привлекување на инвестициите, тие се поранешно индустриско земјиште, кое е сега слободно, не се користи, но има потенцијал да биде повторно развиено за нови потреби, изјавил Сараќини по посетата, додавајќи дека ова е подеднаква можност и за домашните деловни субјекти кои би сакале да отпочнат или прошират дел од бизнисот, да ги искорстат можностите што Владата ги нуди.

Министерот Сараќини појаснил дека преку процес на рекомпонирање, реструктуирање, реновирање и воведување на нови процеси за работа, за производство или извршување на друг вид на дејностовие индустриски локации, претставуваат шанса за нови бизнис можности, можен профит на празни или неискористени имоти, но и бенефити за општината и регионот каде се наоѓаат, како и пристап до нови пазари за инвеститорите.

-На територијата на Република Македонија постојат над 400 единици на ресурси, односно потенцијални локации кои се наoѓаат на листата на просторни капацитети наменети за т.н. brownfield инвестиции, изготвена од страна на Владата на Република Македонија. Станува збор за Регистар на хали, со вкупна површина на објекти  околу 1 милион и 700 илјади метри квадратни, а вкупниот број на површини наменети за ваков тип инвестиции изнесува околу 4 милиони и 700 илјади метри квадратни”, изјавил министерот, потенцирајќи дека Регистарот е објавен на веб страната на Агенцијата за привлекување странски инвестиции, со  детален приказ на капацитетите, како и со сите модалитети за одредениот капацитет.

Градоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта, по завршување на средбата ја поздравил иницијативата за соработката за овој вид проекти, истакнувајќи: „Поддршката на граѓаните на Гостивар е континуирана, особено што целта на оваа денешна средба е оживувањето на старите неискористени објекти, кои ги има многу на територијата на Гостивар, а подолго време не се во употреба, а можат да придонесат за пообрз економски развој. Со помош на Министерството за економија ќе ги вознобновиме овие капацитети, па од нив ќе се родат нови објекти, кои ќе придонесат за нови вработувања, но и ќе ја разубават општината“.

 

 

 

 

03.10.2013 - 13:46

најчитано сега