ВМРО-ДПМНЕ поднесе приговор за гласањето за градоначалник на Ново Село

 

До утревечер ќе се знае дали Никола Андонов ќе го прими решението за градоначалник или ќе има прегласување на едно избирачко место во општина Ново Село откако ВМРО-ДПМНЕ поднесе приговор за нивниот кандидат Николчо Стоилков за нерегуларности во изборниот процес.

Имено, според информации од претседателката на ОИК Ново Село, Венера Шопова, приговорот е поднесен за едно избирачко место во селото Сушица на кое се запишани 795 гласачи.

– Приговорот се однесува за наводно несогласување на бројот на запишаните гласачи кои гласале со бројот на гласачките ливчиња. Откако избирачкиот материјал заедно со членовите на избирачкиот одбор дојде во ОИК и повторно беше извршено броење излезе дека се е во ред. Ние ги испративме записниците во ДИК, а од ВМРО ДПМНЕ има поднесено приговор и утре ќе се одлучува дали ќе биде прифатен или одбиен приговорот, информира претседателката Шопова.

На предвремените избори за градоначалник на Ново Село победи кандидатот на СДСМ, Никола Андонов со предност од 19 гласови. Тој освои 2.885, а кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Николчо Стоилков-2.866 гласови.

 

 

Добивајте вести на Viber

08.05.2019 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега