Загина 9 годишно девојче - врз глава и паднала надгробна плоча
Девет годишно девојче почина откако врз неа се сруши надгробна плоша. Трагедијата се случила во српското место Шливовац. Деветгодишното девојче заедно со својот 13 годишен брат ги пасело козите на селските гробишта. Враќајќи се кон домот, таа се сопнала на една грмушка и врз главата и паднала надгробна плоча тешка деведесетина килограми. Како што пишуваат српските медиуми, веднаш на помош притрчал нејзиниот брат и нејзината мајка. Девојчето итно било префрлено во болница, но лекарите не можеле да сторат ништо и констатирале смрт.
03.10.2013 - 21:06
Фото:
telegraf.rs