ВМРО- ДПМНЕ: Оваа власт покажа целосна негрижа за потребите и проблемите на земјоделците

 

Владата на Заев и СДСМ може да манипулираат со бројки колку што сакаат но нивните погрешни политики во земјоделството на свој грб најдобро ги чувствуваат земјоделците, велат од ВМРО- ДОМНЕ како реакција на соопштението од СДСМ во кое велат дека зголемувањето на извозот на земјоделските производи од 7,7 отсто е доказ за исправноста на аграрните политики.

„Впрочем за негрижата на владата најдобро говори фијаското со откупот на раноградинарските производи, праските, зелката, грозјето, сливите јаболката, а најново и проблемите на оризопроизводителите.

Оваа власт покажа целосна негрижа за потребите и проблемите на земјоделците. Министерот за земјоделие повеќе го интересираат скапи шопинзи во Дубаи, отколку земјоделската мака на народот.

Земјоделството, како и се друго во Македонија тоне, додека оваа влада самата себе се залажува со нереални бројки“ стои во соопштението.

 

 

Добивајте вести на Viber

11.05.2019 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега