Богоевски: Подобро ќе беше Заев да присуствува на инаугурацијата
Пратеникот Павле Богоески во тв емисија на 24 Телевизија се обрати во контекст на инаугурацијата на претседателот Стево Пендаровски и констатираше дека треба да се промени протокол за присуство на овој настан, затоа што во самиот говор претседателот говорел со посебен нагласок на опозицијата и обедувачката компонетна во контекст на опозоцијата и се согласи со пратеникот Панчо Минов дека треба да се промени протоколот.
-Мислам дека некој број на лица треба да бидат отстранети од листата и да бидат ставени некои други луѓе кои би било многу посоодветно да присуствуваат на воков тип на настани.
Тој вели дека во однос на присуството на премиерот немало да го коментира многу. Смета дека се оправдани причини, но смета дека на инаугурацијата требаше да присуствува премиерот Зоран Заев.
Пратеникот Панчо Минов изјави дека треба да се промени протоколот за присуство и претседателот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски требаше да биде поканет и да присуствува на инаугурацијата.
Зендели истакна дека на самиот настан требаше да присуствуваат и кандидатите во изборната кампања и професорката Гордана Силјановска како и господинот Блерим Река, како и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, затоа што овој претседател треба да соработува со овие луѓе, вели Зендели.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа