Репортажа за Златна зора: Ако прозбориш, жива ќе те запалам!
Би-Би-Си објави репортажа за Златна Зора која го шокираше светот. Се работи за сведоштво на поранешна членка на неонацистичката организација со наслов „Златна зора: Ако прозбориш, жива ќе те запалам“.
- Тие носеа палки и синџири, сите стоеја мирно кога влегуваше лидерот и раскажуваа како претепале хомосексуалци или имигранти. Јас не го сакав тоа и престанав да се контактирам со нив. Подоцна бев предупредена ништо да не кажувам за тоа што сум го видела, бидејќи жива ќе ме запалат, истакнува жената.
Во репортажата се раскажува дека кршењето на раце чинело 300 евра, палењето на автомобил 1.000 евра, а претепувањето 1.500 евра.
04.10.2013 - 10:09
Фото:
Денешен