Подгответе се - утре Бела ноќ во Скопје

Годинешново 9-то издание на традиционалната градска манифестација БЕЛА НОЌ ќе се одржи утре, најавија денеска организаторите на оваа традиционална културна Манифестација, Град Скопје и Младинскиот културен центар-Скопје.

-Веќе девет години по ред, Градот Скопје и јавните културни институции ја реализираат оваа Манифестација, по којашто Скопје е препознатлив во регионот и со која нашиот град се вброи во неколкуте во Светот, што организираат ваков целовечерен настан. Сакам да ги известам граѓаните дека од 19 часот, линиите на ЈСП што сообраќаат кон централното градско подрачје ќе бидат БЕСПЛАТНИ!!!, но бесплатни ќе бидат и сите настани што ќе бидат дел од ова 24 часовно културно дружење. Затоа, Ве покануваме,  да бидете дел од Бела ноќ, Манифестација што полека но сигурно станува заштитен знак на градот Скопје, истакна градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Бела ноќ ќе ја прогласи за отворена градоначалникот Трајановски во 20 часот и 30 минути во Музејот на град Скопје. Потоа поворката ќе се движи традиционално по улицата Македонија, а  спектаклот на Белата ноќ ќе се случи на Плоштадот Македонија, со почеток во 21 часот. Во целата чаршија ќe се случуваат повеќе настани, концерти пред Стоковна куќа - МОСТ, изложби во Галерија 8, ИКОМОС, перформанси...-Киното „Милениум“ и киното „Фросина“ повторно со отворени врати за 24 часовните БЕСПЛАТНИ филмски маратони кои ги вклучуваат најактуелните филмски мега хитови, како и најдобрите европски остварувања...Од 22 часот, ќе почне и СИНЕ СИТИ - киното на отворено, на огромното кино платно, во Градскиот парк со селекција од најдобрите филмови од предходните изданија на фестивалот на европски филм CINEDAYS.Традиционална полноќна модна ревија, пак ќе се случува на скалите на влез во Гратскиот трговски центар. Како и секоја година, така и оваа, Град Скопје и Секторот за јавни дејности, ќе ги организира натпреварите во Street Ball, што ќе се одиграат на фонтаната „Лотосов цвет“ во градскиот парк. На истата локација веднаш потоа перформанс ќе одржат Parkour & Freerun Challenge. Зоолошката градина организира БЕСПЛАТНО попладневно матине , што ќе трае од 16 до 20 часот, а во овој период, граѓаните на Скопје ќе можат бесплатно да се превезуваат со автобуските линии на ЈСП, кои сообраќаат на оваа маршрута, бр. 8 и бр. 15а.  ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци” на 5 октомври 2013 година ќе организира отворен ден во Библиотеката каде што познати личности (пејачи, актери, спортисти, јавни личности) ќе имаат улога на библиотекари,со цел да се соберат парични средства и да се донираат на детската клиника за организирање на „Игротека-библиотека“ во која хоспитализираните деца ќе може да го поминуваат своето време во читање книги.  Секое зачленување во библиотеката ќе биде донирано за клиниката, а членството во сабота од 11 до 16 часот може да го регистрираат Сашко Коцев, Весна Петрушевска, Суперхикс, Некст тајм, Тамара, Викторија Лоба, Есма Реџепова, Наумче Мојсовски, Влатко Илиевски, Пеперминт и многу други.

Настанот е поддржан од првата дама на Република Македонија, госпоѓа Маја Иванова.

04.10.2013 - 11:49
Фото: 
Факултети.мк

најчитано сега