Македонија и Обединетото Кралство ја продолжуваат соработката во областа на мирот и безбедноста
Денеска македонскиот заменик-министер за одбрана Емил Димитриев оствари средба со досегашното и новопоставеното одбранбено аташе на Обединетото Кралство во Република Македонија, полковникот Филип Осмент и потполковникот Ричард Џон Пери, во просториите на Министерството за одбрана.
На средбата станало збор за продолжување на одличната соработка, реформските процеси во Министерството за одбрана и АРМ, како и придонесот на армијата во меѓународните мировни операции. Соговорниците констатирале дека Македонија е отворена за соработка на сите полиња.
Од своја страна заменик-министерот Димитриев се заблагодарил за досегашната поддршка на Обединетото Кралство кон напорите на Република Македонија за интеграција во евроатлантските структури.
04.10.2013 - 13:03
Фото:
Денешен