Статистика: Трговската размена со странство изнесува околу 7 милијарди долари

 

Државниот завод за статистика на Македонија денеска објави дека трговската размена со странство во првите осум месеци од годинава изнесува 6.985.216 илјади долари.

Како што објави ДЗС, вредноста на извозот е 2.728.863 илјади американски долари, а увозот 4.256.353 илјади долари. Податоците покажуваат дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик, облеката и преработките од нафта.

Од почетокот на годинава па се до месец август, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ со 72,9 отсто и земјите од Западен Балкан со 18 проценти.

Република Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Италија.

04.10.2013 - 13:35

најчитано сега