Крадците успеале да земат 17.000 евра - детали за филмскиот грабеж во банката во Росоман

 

Утринава се случил филмски грабеж во експозитурата на Централна кооперативна банка во Росоман.

Како што јави МИА, засега непознати маскирани сторители, со фантомки на главите, влегле во банката и со пиштол побарале од присутните да легнат на подот. Потоа крадците се заканиле по животот на 46-годишната М.Т. и 30-годишната В.Л. инаку вработени во банката и успеале да одземат 17 илјади евра и 1.100. 000 денари по што избегале од местото на настанот.

Полицијата трага по сторителите.

04.10.2013 - 15:04

најчитано сега