Арсовски: Од најавената „метла“ на Заев нема ништо, тоа е само уште еден класичен театар на СДСМ и Заев

 

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски во вечерашното гостување во емисијата Отворено на Алфа ТВ истакна дека од најавената „метла“ на Зоран Заев нема ништо, односно како што рече Арсовски тој ова е уште еден класичен театар од страна на СДСМ.

Би сакал да истакнам дека во моментот на онаа таканаречена „метла“ што се прави внатре во СДСМ е еден класичен театар бидејќи ние имаме комуникација со многу пријатели и симпатизери кои што се подржувачи на СДСМ и на голем дел од претседателите на општинските организации им било најпрво кажано ќе бидете разрешени, ќе аплицирате повторно и ќе бидете реизбрани, така да ова уште еднаш покажува дека се работи само за театар, вели Арсовски.

Според него Заев нема доволно капацитет да признае одговорност за неработењето на владата во изминатите две години, како и дека тешко може да се врати довербата на граѓаните бидејќи до сега се случија голем број на скандали од страна на Заев и неговата влада.

Зоран Заев покажа дека нема капацитет да си ја признае одговорноста во работењето во владата, потенцираше Арсовски.

Се работи за еден политички театар кој што треба да ја оправда одговорноста и да ја врати довербата кај граѓаните, која што секако не може да се врати по ниедна цена бидејќи видовме толку многу скандали и едноставно Зоран Заев си прави терен за да си ја зацврсти позицијата внатре во својата партија бидејќи очигледно е дека многу луѓе ќе ја брат кривицата и одговорноста од врвот, а тоа е токму Зоран Заев, кажа портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.05.2019 - 19:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега