СДСМ: За само 2 години од заробена, задолжена и осиромашена држава, нашата земја е блескав пример со силна и конкуретна економија

 

Официјалните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат на раст на економијата, на бруто домашниот производ за првиот квартал за 2019 година од 4,1 отсто, стои во соопштението на ДССМ.

Од партијата велат дека растот на економијата е директен показател за енормната разлика на домаќинското владеење на Владата преводена од СДСМ и расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во 2017 за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, БДП изнесува минус 1,8 отсто.

За само 2 години од заробена, задолжена и осиромашена држава, нашата земја е блескав пример со силна и конкуретна економија.

Создаваме развојна економија која нуди шанса за сите.

Растот на економијата и БДП се доказ за успешната економска политика на Владата предводена од СДСМ и ги демантираат сите небулози на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски“ се вели во соопштенито.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.06.2019 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега