ВМРО-ДПМНE: Наводниот раст од 4,1 отсто е уште една голема лага

 

Република Македонија од ден во ден е се посиромашна. Шаторите на работниците од Еурокомпозит пред влада потсеќаат на едно мрачно минато, стои во соопштение од ВМРО-СДПМНЕ.

Оттаму велат дека есетици работници од Прилеп поради безизлезноста во која ги втурна Заев сега ноќеваат пред влада.

„Колку успешна е економската политика на Заев се гледа и по се пополните автобуси со млади луѓе кои ја напуштаат Македонија.

Доколку Македонија оди напред болни деца ќе се лечат со пари од ФЗО, а не со СМС пораки.

Вистинската слика за економијата не е розева како што Зоран Заев и неговите перјаници се обидуваат да претстават.

Наводниот раст од 4.1% е уште една голема лага. Растот е во проценти толкав само затоа што лани беше катастрофално низок.

Граѓаните не гледаат со розевите наочари на Заев. Граѓаните ја живеат суровата реалност секој ден. Заев треба да си замине, затоа што не постигна никакво реално подобрување на животот на граѓаните“ стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.06.2019 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега