Мицевски: Барајте го дилерот, а не таксистот кој го возеше Боегоевски
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија„ Никола Мицевски на денешната собраниска седница рече дека тој сметал дека целта на излагањето на Павле Богоевски е образлагање на неговата оставка, а не лечење на фрустрациите со коишто се опседнати.
-Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ беше јасен и недвосмислен во соопштението за јавноста дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе се произнесат по правото и правдата и по законите согласно Уставот и деловникот за работа на Собранието. И барајќи неселективна правда нескриена е фрустрацијата и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ. Таа омраза и фрустрација ве засенува во реалното размислување и работење на она за што сте избрани , а тоа да им служите на граѓаните и да работите за подобро утро на граѓаните. Тоа во праксата и во реалноста го нема, истакна Мицевски.
Тој посочи дека нормална постапка е да било која јавна личност фатена во недозволени дејанија, особено ако е признато делото, како во вашиот случај да си поднесе оставка.
„Не знам зошто се крева толкава фама околу оставката на Богоевски. Сосема нормална работа е пратеник да поднесе оставка ако го прекршил законот. Тој е фатен во незаконити дејствија и нормално е да сноси одговорност. Истрагата во аферата со Бооевски треба да се насочи кон дилерот, а не кон таксистот за кој пратеникот тврдеше дека го снимил неговиот разговор кога нарачувал масло од канабис за близок роднина, а не дрога како што тврдеше лицето кое го објави снимениот разговор“, рече Мицевски од собраниската говорница.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа