Мицкоски- Лајчак: Интеграциските процеси на земјава, внатрешната политичка состојба и приоритетите државава
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски денес оствари работен појадок со Министерот за надворешни и европски работи на Словачка и актуелен претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа Мирослав Лајчак.
На средбата се разговараше за интеграциските процеси на земјава, внатрешната политичка состојба и приоритетите државава.
Мицкоски истакна дека недобивањето на датум за преговори е неуспех на владата да направи клучни реформи, подобрувања на состојбите и да го унапреди стандардот на граѓаните. Тој посочи дека сепак граѓаните не треба да бидат казнети поради неспособната Влада на Заев и дека Република Македонија треба да добие датум за преговори до крајот на годината како би се воспоставил уште еден контролен механизам врз криминализираната власт и би се дала надеж наспроти евроскептицизмот кој се подгрева од одредени структури на власта.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го реафирмира ставот на партијата да помогне во реформските процеси кои треба да ги реализира Владата потребни за добивање на датум за преговори.
Воедно Мицкоски се осврна и на другите аспекти од општеството посочувајќи дека Владата не покажува интерес за сузбивање на растечката корупција и остварува катастрофално лоши економски резултати што го прават животот на граѓаните уште потежок.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа